Трендафилов: Владата да нема изговори за покачувањето на платите

од Nikola Popovski
141 прегледи

Дојдовме денеска да слушнеме дека ќе ги покачуваат платите бидејќи без плата, нема ниту работа. Очекуваме дека и тоа што ќе го кажат и министрите, ќе значи усогласување на платите од месец септември оваа година, како и дополнителното зголемување на платите наредната година, кое ќе се случи согласно Општиот колективен договор за јавен сектор, изјави денеска првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, пред почетокот на панел дискусијата „Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација“.

Трендафилов информира дека платите во јавниот сектор, наредните четири години ќе растат по 15% и новата Влада треба да предвиди пари во Буџетот.

-Да немаат изговори, ние работниците сме изморени од изговори од нивна страна и очекуваме да важи тоа што ќе го кажат денеска, истакна првиот синдикалец во државата.

Вели дека нивната поддршка до Владата како ССМ, ќе ја имаат само доколку ги спроведат работите. Во спротивно, Трендафилов истакнува дека како синдикати се подготвени и на други непопуларни чекори.

Слични содржини