Фановите на Хари Потер се познати по тоа што често го прикажуваат јавно својот ентузијазам кон волшебникот од книгите на Џоан Роулинг.
Не се ретки презентациите со приврзаници облечени како главниот лик, тетовирани фрази од книги и дури враќање на кружните очила како основен тренд.
Откако официјално премиерата на “Хари Потер и проколнатото дете”, осмата и последна книга од серијата, се одржа во неделата, заколнатите фанови открија нов начин да оддадат почит кон својата омилена книга.
Новиот тренд за 2016 година, инспириран од серијалот за Хари Потер, се состои во сликањето на различни ликови, слики и дури цели сцени на ноктите.
Маникирот за пролет-лето 2016 поминува во знакот на знамињата на четирите замока на играта “квидич”, на иницијалите на главниот лик и дури на култниот белег врз неговото чело – громот.
Социјалните мрежи буквално се преплавени од дами кои споделуваат инспирации во форма на слики, а вие можете да се послужите со идеи за маникир во нашата галерија.
