Актуелните трендови секоја сезона не ги одминуваат и омилените на сите дами и господа очила.
Задолжителниот додаток за пролет-лето 2016 оваа година доаѓа со една многу убава и специфична форма – ретро инспирација од 50-те, комбинирана со мачји издолжи рамки.
Без разлика дали го разгледуваме изгледот на Бела или Џиџи Адид, Тејлор Свифт или Тејлор Хил, сите тие ги почитуваат изминатите години и наметнаа една тенденција за одредени модели очила.
Дамите се кријат зад волуменски рамки со мачкино око, класичен изглед со огледални стакла и дури и животински принтови во смели бои.
Можете да го испитате новиот тренд усвоен особено добро во светот на ѕвездите и актуелните лица во нашата галерија.