Трендови есен 2016: Тексас

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Оваа есен огромната разновидност од трендови се фокусира главно на тексасот.282280b1a50d590a5bcb51f116241bca

Меѓу актуелните предлози можете да најдете несомнено едни од најубавите модели кои неодамна ги видовме по модна писта.

Од класичните и вечни кроеви до модернизираните и современи визии, тексасот дефинитивно веќе е на едно сосема друго ниво.

Бидејќи оваа индустрија сака да нуди трендови во големи порции, ние направивме еден своевиден прирачник за најдоброто и најнеопходното за есен 2016.

Еве на кои фармерки запрете при следното пазарување.

1. Чарлстон

Едно вечно правило во модата е дека новото е всушност добро заборавено старо. За есен 2016 големо враќање бележат фармерките со проширување во ногавицата. Овој модел е добро познат уште од летото, а за следната сезона се трансформира со мали џебови напред и детали на ременот.

2. Двобојните модели

Добро запознаени сме веќе со магијата на боите и вештината да прикриваат недостатоци и да ја ги истакнуваат предностите при добра комбинација. Овие модели се многу стилски и внесуваат една друга нота во целокупниот изглед.

3. Тексас со широки ногавици

Тоа е модернизираниот тренд за лето 2016, во која кројот на панталоните со широки ногавици најчесто е комбиниран со воздушести и лесни материјали. Бидејќи температурите наесен се значително пониски, стилскиот предлог доаѓа во форма на тексас.

4. Тексас со нерамни, недовршени ногавици

Оваа новина кај фармерките “лежи” на играта со асиметричните должини. Ако се обложувате на модел во кој крајот на ногавицата е со алтернација на долга предница и кратка задна, дефинитивно треба да се инвестира во нив. На овој начин стратешки се нагласуваат најубавите женски глуждови.

5. Фармерки со цветни везови

Фармерките со везови ни од далеку не се нешто ново, но со секоја сезона трпат модернизација. Најубавите и женствени цвеќиња се актуелни за есен 2016, а темите се карактеризираат со пастелни и свежи нијанси на секакви бои.