Замбиската полиција истражува инцидент во кој фудбалски тренер испукал осум куршум во воздух на крајот од меч, за наводно да се одбрани од навивачите откако неговиот тим загуби.
АП пренесува дека Есу Чало Зулу, тренерот на фудбалскиот клуб „Зеско Чипата“, на крајот на мечот испукал три истрели на теренот, а потоа уште пет кај возилото на неговиот тим, паркирано во близина на теренот.
Инцидентот се случил откако третолигашот загуби од локалниот ривал „Призн Лепардс Чипата“ во источната провинција Замбија во саботата со 1:0.
АП пренесува дека полицијата соопштила дека Зулу признал дека пукал, но дека тој изјавил дека е во самоодбрана, затоа што морал да пука во воздухот со цел да ги растера приврзаниците на тимот кои не го поддржуваат и кој го опколиле по натпреварот, а потоа се заканувале дека ќе го каменуваат возилото на неговиот тим.
Фудбалската федерација на Замбија соопшти дека чека официјален извештај за инцидентот од делегатите на лигата на натпреварот пред да преземе какво било дејство, а полицијата, која го заплени пиштолот, изјави дека тој бил добиен легално и дека тренерот имал дозвола за него.