Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман се соочува со смртни закани откако неговиот тим испадна од Лигата на шампионите.
Виљареал беше подобар во дуелот со Баерн со вкупен резултат 2:1, што предизвика незадоволство кај навивачите на тимот од Минхен.
„Знам дека секогаш ќе добивам критики од сите страни. Тоа е нормална работа и тоа е нешто за што сум подготвен и можам да се справам. Но, 450-те смртни закани што ги добив на Инстаграм не се лесни“, рече Нагелсман, додавајќи:
„Ако луѓето сакаат да ме убијат, тоа е една работа, но ја напаѓаат и мајка ми на која не и е гајле за фудбалот. Не го разбирам тоа. Штом го исклучат телевизорот, луѓето забораваат на пристојноста. Мислат дека се во право, но тоа е луда работа“.
Нагелсман не е единствениот загрозен во тимот од Минхен. Пред неколку дена и на семејството на спортски директор на клубот Хасан Салихамиџиќ му се закануваа со смрт.
Баерн по испаѓањето е фокусиран на освојување на десетата врзана шампионска титула во Германија.