283
Екипата на Болоња ја совлада екипата на Аталанта со 2:1 во натпревар од 27. коло на италијанската Серија А и тоа беше директна пресметка за четвртото место. И покрај успехот тренерот на тимот, Тиаго Мота, вели дека не размислува за пласман во ЛШ.
„Не ни размислувам за Лигата на шампионите. Фокусиран сум само на нашиот настап, на нашите тренинзи и на подготвеноста да се соочиме со противникот во секој натпревар на најдобар можен начин“, изјави Мота по натпреварот.
Тоа беше шеста последователна победа за тимот на Болоња, што не му се случило на клубот од 1960-тите.