Тренерот на Челси бесен поради одлука во Шпанија: „Тоа не е нормално!“

од Vladimir Zorba
108 прегледи

Тренерот на Челси, Енцо Мареска, го изрази своето незадоволство од нееднаквите услови за подготовка за претстојното финале од Конференциската лига, во кое неговиот тим ќе игра против шпански Реал Бетис. Финалето ќе се игра во Вроцлав на 28 мај, а Мареска ги истакна разликите во подготовките на двата тима.

Имено, Ла Лига го одобри барањето на Бетис и го помести нивниот последен првенствен натпревар против Валенсија од недела во петок навечер, давајќи му на шпанскиот клуб уште два дена за одмор и подготовка за европското финале.

Од друга страна, Челси игра клучен натпревар против Нотингем Форест во Премиер лигата во недела од 17:00 часот, исто така во борбата за место во Лигата на шампионите. Бидејќи сите натпревари во последното коло од англиското првенство мора да започнат во исто време, за да се обезбеди регуларноста на натпреварувањето, Челси не можеше да побара промена на датумот.

„Не сум задоволен, сто проценти. Не е во ред еден клуб да има 48 часа повеќе да се подготви за европско финале. Или ние играме во петок, или тие играат во недела. Не знам кој е одговорен за ова, Ла Лига, Премиер лигата или УЕФА, но ако прашате некого во оваа просторија дали е нормално еден тим да има уште два дена да се подготви за финалето, сите ќе ви кажат дека не е“, рече Мареска на прес-конференција.

Слични содржини