Романскиот фудбалски стручњак и актуелен тренер на киевски Динамо, со долгогодишно искуство во украинскиот Шахтјор и искуство во работа за руски Зенит, смета дека не се потребни спортски санкции.
„За мене спортот нема врска со политика. Луѓето мора да продолжат да се натпреваруваат, без разлика на нивната земја на потекло, не се согласувам дека на Русите треба да им се одземе правото да спортуваат. Тие треба да се натпреваруваат. Ова (исклучувањето на Русите) не требаше да се направи, спортот треба да помогне“, изјави Мирчеа Луческу.
Како и сите други, и тој е згрозен од случувањата на украинско тло, навива што побрзо да заврши војната меѓу двете соседни земји, но не може ни да претпостави кога ќе биде положено оружјето.
„Тешко е да се каже. Никогаш не мислев дека ова ќе се случи. Проблемот е политички, а не во народите. Тие живееле заедно како браќа. Не знам како може да заврши, војната започна и Украинците се горди. Ќе биде долга битка без победник“, вели Романецот кој со целиот тим на Динамо беше префрлен во својата земја.
Фото: Profimedia