Тренерот на Ливерпул воодушевен од новиот договор на Салах

од Vladimir Zorba
12 прегледи

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е воодушевен откако најдобриот првотимец на клубот, Мохамед Салах, го продолжи договорот со „црвените“ до 2027 година.

Холанѓанецот во изјава за британските медиуми истакна дека тоа е голема добивка за клубот од „Енфилд“, но не само во однос на минутажата, туку и во секоја друга смисла.

„Сите го гледаат Салах само како фудбалер, а ние што сме со него цел ден знаеме каков е тој како личност. Тој е неверојатен човек, кој поседува исклучителна ментална сила, што всушност е неговото најсилно оружје. Тој е некој кој секогаш го ставал успехот на тимот пред неговите лични достигнувања и секако дека сме среќни што останува“, рече Слот и додаде:

„Мо е тип на играч кој веројатно би можел да игра за кој било клуб во светот, и тој избра да остане со нас. Тоа е показател за тоа колку е голем Ливерпул и колку овој клуб му значи“.

Навивачите на Ливерпул ќе можат да го поздрават Салах уште во недела на мечот од Премиер лигата против Вест Хем, во кој „црвените“ влегуваат со 11 бода пред првопласираниот Арсенал на седум кола до крајот.

Слични содржини