Тренерот на Милан ги дотепа „кралевите“: „Потешко беше да се победи Монца отколку Реал“

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека даде исклучително интересна изјава по триумфот на неговиот тим на „Сантијаго Бернабеу“.

Да потсетиме, „росонерите“ во четвртото коло од Лигата на шампионите го совладаа Реал Мадрид на гости со 1:3.

По натпреварот, Фонсека со својата изјава целосно ги дотепа мадриѓаните, откако рече дека му било потешко викендот против Монца отколку против актуелниот европски шампион.

Имено, тој се обиде да објасни дека Серија „А“ е најтешка за играње.

„Поради начинот на кој сакам да игра мојот тим, ова се натпревари со повеќе простор за игра. Луѓето не разбираат колку е тешко во Серија „А“. Ја имавме Монца, сега следува Каљари, што е уште потешко“, рече Фонсека. и додаде:

„Искрено, потешко е да се игра во Серија „А“ отколку во Лигата на шампионите поради овие тактички проблеми. Ни беше полесно против Реал, најдобриот тим во светот, отколку против Монца, бидејќи пристапот е различен. Ова е можеби причината зошто игрите во Италија не се забавни, но се навистина тешки“.

Слични содржини