Тренерот на Надал: На Вимблдон имаме поголеми шанси да го победиме Ѓоковиќ

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

По долга борба, Рафаел Надал го совлада Ричардс Беранкис во второто коло на Вимблдон со 3:1 во сетови и го продолжи походот кон третиот Грен слем сезонава.

На тој пат најголема пречка ќе му биде Новак Ѓоковиќ со кого може да се сретне дури во финалето.

Тренерот на Надал, Франциско Роџ, смета дека Надал има реални шанси за победа во големото финале иако Ѓоковиќ доминираше во Лондон претходната деценија.

„Рафаел имаше неколку години кога не играше добро на трева, но ако му оди добро, има помалку противници на трева кои можат да го победат отколку на тврди терени. Мислам дека е поблизок до Ѓоковиќ на оваа подлога отколку на тврда подлога“, изјави Роџ.

Тој посочи дека тоа нема да биде лесен потфат.

„Новак е тешко да се победи на двете подлоги, тој е фаворит на Вимблдон. Но, тука имаме поголеми шанси да го победиме“, истакна Роџ.

Слични содржини