Тренерот на Реал Сосиедад: „Ако некој не мисли дека сме фаворити против Манчестер Јунајтед, тој не знае ништо за фудбалот“

од Vladimir Zorba
15 прегледи

Тренерот на Реал Сосиедад, Иманол Алгуацил, изјави дека луѓето кои го избираат неговиот тим како фаворит против Манчестер Јунајтед „не разбираат ништо од фудбалот“.

Обложувалниците сметаат дека шпанскиот тим е фаворит за победа во првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа, но Иманол ги отфрла таквите разговори, пренесе Ројтерс.

„Доколку некој го избере Реал Сосиедад за фаворит, тој не знае ништо за фудбалот и за тоа каков клуб имаме против нас. За мене Јунајтед е фаворит за освојување на Лигата на Европа. Мораме да бидеме свесни со кого се соочуваме“, порача тој.

Иманол истакна дека Манчестер Јунајтед е единствениот непоразен тим во Лига Европа, иако рече дека чувствува вистинска верба дека Реал Сосиедад може да го совлада овој „голем противник“.

„Секогаш кога ќе се соочам со голем тим, мислам дека можеме да победиме ако направиме одредени работи. Да не беше тоа случај, немаше да бидам тука. Сепак, мора да бидеме разумни и свесни за тоа што ни претстои“, продолжи тренерот на Реал Сосиедад.

Слични содржини