Тренерот на Рома одби да даде оставка по дебаклот од Јунајтед!

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Тренерот на Рома, Пауло Фонсека, одби да даде оставка, но управата на клубот има четири кандидати да го заменат, во случај тимот да претрпи нов понижувачки пораз од Манчестер Јунајтед, објавија денес италијанските медиуми.

Рома е седма на табелата во Серија А со девет бода заостанување зад Лацио на шестото место, последниот што води во Лигата на Европа.

Римскиот тим освои само четири бода на последните пет првенствени натпревари, а го загуби првиот полуфинален натпревар од Лигата на Европа со 2:6 од Манчестер јунајтед.

Според италијанските медиуми, Фонсека во понеделникот се состанал со сопствениците на клубот и генералниот директор Тијаго Пинто. Средбата траеше еден час, а присуствуваше и менаџерот на Фонсека.

Клубот не го отпушти Фонсека, кој рече дека не сака да си даде оставка, иако е свесен дека ќе ја напушти Рома на крајот од сезоната.

Италијанскиот дневен весник „Месаџеро“ објави дека Рома може да му врачи отказ на Фонсека, доколку тимот претрпи нов понижувачки пораз од Манчестер Јунајтед во четврток. Натпреварот се игра од 21 часот во Рим.

Римското издание изјави дека во случајот на разрешување на Фонсека, кандидати за привремен тренер се Бруно Конти, Морган Де Санктис, Фабрицио Пикарета и Алберто Де Роси. Еден од нив би го водел тимот до крајот на сезоната, а се шпекулира дека од следната сезона нов тренер на Рома може да биде Маурицио Сари. Кориере дело Спорт објави дека Рома може да постигне конечен договор со Сари во следните неколку недели.

„Газета“ додава дека на Сари му се допаѓа тимот на Рома, но дека во летниот преоден рок ќе му бидат потребни три или четири засилувања.

Поранешниот тренер на Јувентус и Челси преговара и со Тотенхем.

Слични содржини