Шокантен отказ се случи ноќта меѓу петокот и саботата во НБА лигата, откако Сакраменто реши да се ослободи Мајк Браун од должностите по петтиот пораз во низа. Тоа го налути Мајкл Мелоун, тренерот на Денвер кој исто така доживеа нов пораз…
На прес-конференцијата по поразот од Кливленд Кавалирс, Мајкл Мелоун повеќе зборуваше за својот колега Мајк Браун, отколку за лошиот настап на неговиот тим, каде единствените светли точки беа Никола Јокиќ и Џамал Мареј.
Мелоун не се двоумеше да ја нападне управата на Сакраменто Кингс, клубот во кој и самиот работеше и доби отказ, пред да пристигне во Денвер во 2015 година. Последната капка беше поразот на „Кралевите“ дома од Детроит на 27 декември.
„Изненаден сум од две причини. Прво, како главен тренер на НБА тим, на крајот од денот, ќе биде ваша вина. Кога ќе победат, заслугата оди кај Сабонис и Фокс. Кога губат, вината оди кај Мајк Браун. Така функционира. И второ, поради личноста за која работат. Затоа, не ме чуди што Мајк Браун доби отказ, затоа што ме отпушти истата личност. Она што навистина ме налути е тоа што се случи откако загубија својот петти натпревар по ред синоќа, мислам. Тежок пораз. Имаат тренинг наутро, тој ги извршува медицинските обврски по натпреварот и е во автомобилот на пат кон аеродромот, лета за Лос Анџелес. Му се јавуваат на телефон. Нема класа. Нема храброст. Толку ќе кажам за тоа“, рекол Мелоун, а пренесува порталот „ДНВР Нагетс“.
Да потсетиме, пред десет години, Мелоун беше отпуштен од Кралевите на почетокот на втората сезона како главен тренер.
Од друга страна, Мајк Браун минатата година беше избран за тренер на годината во НБА, па дополнителен шок е начинот на кој раководството на Сакраменто го отпушти.