Тренерот на ЦСКА Москва позитивен на коронавирус

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Московска ЦСКА објави дека тренерот Димитрис Итудис е позитивен за коронавирус.

„Главниот тренер на нашиот тим е позитивен на Ковид-19. Неговата сопруга и ќерка имаат негативни резултати“, објави московскиот клуб.

Исто така се наведува дека трофејниот грчки тренер ќе се лекува дома, во Атина, бидејќи сегашната здравствена слика не бара тој да биде хоспитализиран.

„Поради периодот на рехабилитација, Итудис ќе го пропушти првиот дел од тренинг-кампот на тимот и ќе се приклучи подоцна“, додаде ЦСКА, официјалниот европски шампион, со оглед дека ЦСКА ја освои титулата во 2019 година, а минатата сезона беше откажана поради пандемијата на коронавирус.

Слични содржини