Професорот Борче Треновски смета дека паничното празнење на рафтовите во супермаркетите не му носи добро на никој.
-Ваквото панично купување може да предизвика пораст на цените, може да ги наруши сигналите пазарни, кои ги има, кои ги нема, може да предизвика недостиг на определени производи. Граѓаните треба да се потсетат како беше кога почна короната. Дури тогаш требаше да бидеме позагрижени, затоа што се замрзнаа меѓународните текови, а од друга страна имавме карантини и полициски час. Сега има најверојатно сеќавање на минатото, но нема потреба, вели Треновски, додавајќи дека ваквата паника во супермаркетите е најмногу поради безбедносната криза, а помал дел поради одмрзнувањето на цените.
-Сметам може да дојде до помало покачување на цените на одредени производи, појаснува Треновски.