Трент Александер-Арнолд се уште нема потпишано нов договор со Ливерпул, а последните вести велат дека тоа нема да се случи ниту со великодушната понуда на гигантите од Премиер лигата, бидејќи самиот играч планира да го засили Реал Мадрид.
Така барем велат извори на шпанска „Марка“ блиски до клубот од „Сантијаго Бернабеу“. Од истото место доаѓа информацијата дека Англичанецот веќе им кажал на газдите од „Енфилд“ дека во иднина се гледа во дресот на „Кралевите“.
Очигледно, единствената дилема е дали трансферот ќе се случи во претстојниот преоден рок, бидејќи „црвените“ би можеле да заработат нешто од тамошната продажба или големиот трансфер ќе се случи на крајот од сезоната, кога Арнолд ќе стане слободен агент.
Наспроти таа приказна, англиските медиуми пренесуваат дека предводникот на најатрактивната европска лига ќе направи се за да го задржи барем до крајот на актуелната борба за новата титула во ПЛ и останатите достапни трофеи. Можеби тоа ќе го одврати од идејата за заминување.
Во основа, ако се случи Арнолд да опстои на својата намера, тоа ќе биде првпат да игра клупски фудбал надвор од Островите и Ливерпул, чиј дрес дваесет и шестгодишниот дефанзивец го носи од почетокот на кариерата.