Трет ден потрага по Данка, српското МВР апелира да не се шират дезинформации

„Апсолутно е неточно дека е пронајдена Данка Илиќ, апелиравме до сите инволвирани во текот на овој случај да не ја нарушуваат истрагата со непроверени информации,“ велат од од сропското МВР за „Курир“.

од Бети Божиноска
189 прегледи

Потрагата по по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поле, кај Бор, во Србија продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди каде се наоѓале во периодот кога девојчето исчезнало, пренесува српски „Курир“.

Во меѓувреме, српското Министерството за внатрешни работи апелираше медиумите да не објавуваат непроверени и неточни информации во врска со случајот со исчезнувањето на Данка бидејќи на овој начин ја загрозуваат истрагата, а целта е девојчето да се најде што е можно побрзо.

Реракцијата на МУП се појави откако некои српски медиуми објавија дека девојчето е пронајдено живо и здраво, но за жал, како велат оттаму, ова не е точна информација.

„Апсолутно е неточно дека е пронајдена Данка Илиќ, апелиравме до сите инволвирани во текот на овој случај да не ја нарушуваат истрагата со непроверени информации,“ велат од од сропското МВР за „Курир“.

Што се однесува до родителите на малата Данка, полицијата не кажува многу.

„И двајцата беа сослушани иако мајката на девојчето го одби полиграфот бидејќи е бремена… чудна е целата ситуација што се случува овде, но се надеваме на најдоброто,“ вели извор на „Курир“.

Припадниците на МУП интензивно работат на пронаоѓање на девојчето како и на утврдување на сите факти и околности поврзани со нејзиното исчезнување. Во потрагата по Данка учествуваат повеќе од 500 припадници на српското МВР – Жандармеријата, полицијата со општа надлежност, Управата за криминалистичка полиција, Управата за техника, хеликоптерската единица, Управата за вонредни ситуации, Управата на сообраќајната полиција, полициската управа во Бор, како и Службата за спасување на планина и членовите на доброволната противпожарна бригада.

Двегодишното девојче Данка Илиќ кое исчезна од Бор во понеделникот во населбата Бањско поле се уште не е најдена и потрагата по неа се уште трае. По нејзиното исчезнување, во Србија за првпат е активиран системот „Најди ме“ (Amber Alert), наменет за итно јавно известување во случај на исчезнување на малолетно лице.

 

 

 

Слични содржини