Трет ден како вработените од рудникот Тораница во Крива Паланка и рудникот во Злетово се на протест. Не се вракаат во окната дури не им се исплати во целост јануарската плата-информира 24 Вести.

Иако утринава била префлрена сума во висина на минималната плата за да може да имаат здравствено и пензиско осигурување, рударите не отстапуваат.
Од Индоминерали и метали кои стопанисуваат со рудниците, молчат. Нема одговор дали и кога ќе им ја исплата платат на вработените. Во рудниците работат околу 1.200 вработени.
Извор: ТВ24 вести