И директорот на Лајка Воислав Димитровски си поднесе оставка од директорската функција. Вели, не можел да соработува со Арсовска
-Јавното претпријатие го затекнав во хаотична состојба без воспоставена структура, со недостаток на соодветен и нецелосно остручен кадар за работа на јавно претпријатие, и со над 70% заробен капацитет на прифатилиштето. Јавното претпријатие беше со затекнат долг од над 10 000 000 денари кој беше направен за година ипол функционирање на претпријатието.
Во 2021 година ЈП Лајка има обезбедено од Град Скопје 20 000 000 денари за потешкотии во работењето, 10 000 000 денари за третман на животни, и дополнително 10 000 000 денари долг кој го остави во јавното претпријатие, вкупно потрошено околу 40 000 000 денари. За 2022 година Град Скопје обезбеди само 20 000 000 денари за ЈП Лајка без обезбедени средства за потешкотии во работењето.Со ваква скромна финансиска подршка успеавме да го запреме задолжувањето на претпријатието и да вратиме дел од долговите, вели Димитровски.
Тој изрази надеж дека следниот директор на ЈП Лајка ќе ја ужива довербата на здруженијата на граѓани и активостите.
-Ветеринарната фела и граѓаните како што ја уживав јас, но и од страна на Град Скопје за да се одржи и зголеми темпото на работење. Се надевам дека следниот директор ќе ја подобри работата на претпријатието и нема да го користи јавното претпријатие за сопствени цели, што било слушај во минатото.До некое подобро утре и отворена можност и реална подршка за ставање под контрола на проблемот со кучињата скитници, напиша на социјалните мрежи Димитриевски.
Денеска оставки преку социјалните мрежи си поднесоа директорите на ЈСП и ЈП „Улица и патишта“