Третото засилување на Јувентус доаѓа од Челси

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Италијанскиот клуб Јувентус го финализира трансферот на Ренато Виега (21) од Челси, што ќе ја зголеми конкуренцијата во бековската линија на „бјанконерите“.

Во текот на денот, пренесуваат италијанските медиуми, директорот на Јувентус, Кристијано Џуноти и официјално ќе посредува за трансферот на португалскиот фудбалер, кој игра на неколку одбранбени позиции (стопер, лев бек), а може одлично да придонесе и како централен играч за врска.

Виега би пристигнал во Јувентус на позајмица. Се наведува дека оваа инвестиција ќе го чини Јувентус 4,5 милиони евра (позајмица плус плата за играчот).

Така тренерот Тиаго Мота ќе го добие вториот дефанзивец кој го бараше, а прв е исто така од Португалија – Алберто Коста (Виторија Гимараеш), но тоа нема да биде крај на трансферите кои доаѓаат, бидејќи се очекуваат уште нови имиња да се приклучат на торинскиот клуб.

Италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус во наредните денови ќе се обиде да го комплетира трансферот на централниот дефанзивец Лојд Кели од Њукасл, но не се откажува ниту од Австриецот Кевин Данс од Ленс и Дејвид Хенк од Феенорд.

Еден од овие тројца играчи најверојатно наскоро ќе го облече црно-белиот дрес.

Засега Јувентус заврши голема работа: Веига ќе биде третото засилување покрај споменатите Коста и Рандал Коло Муани, кој ги заврши сите формалности околу неговиот трансфер во клубот и останува само официјалната промоција.

Слични содржини