Тревис ја вери Кортни Кардашијан по неколку месеци врска

од Vladimir Zorba
577 прегледи

По долга и бурна врска со Скот Дисик (38), со кого има три деца, 42-годишната старлета Кортни Кардашијан за прв пат се вери со тапанарот Тревис Баркер (45), со кого беше во љубовна афера неколку месеци.

Имено, парот викендов се вери во Монтесито, Калифорнија, а среќната вест ја споделија тие и нивните сакани на профилите на Инстаграм.

Тапанарот Баркер клекна пред хотелот Роузвуд Мирамар Бич опкружен со рози и свеќи, со што ја изненади Кортни која со години во реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“ велеше дека никогаш нема да се омажи.

„Засекогаш“, напиша Кортни во објавата на Инстаграм на која се гледа како таа и Тревис се гушкаат на плажа.

Набргу по свршувачката, видеото со огромен веренички прстен го сподели со јавноста најпознатата сестра од кланот Кардашијан, Ким, заедно со песната на Бруно Марс „Marry you“.

Да потсетиме, славниот пар со месеци привлекува внимание објавувајќи страсни фотографии. Не се срамат да ја покажуваат љубовта во јавноста, иако некои обожаватели веруваат дека некои работи треба да се остават во приватност.

Двојката веќе неколку месеци споделуваа фотографии од жешки бакнежи со своите следбеници на социјалните мрежи.

Слични содржини