Според наводите на медиумите во Шпанија, ИСИС најавила напади на стадионите на кои се играат четвртфиналните натпревари.
Овој вторник играат Арсенал и Баерн и Реал Мадрид и Манчестер Сити во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но поради наводните закани од ИСИС, подготвеноста е на максимално ниво.
„Марка“ наведе дека Ал Азаим објавил графика со четири загрозени стадиони: Емирати во Лондон, Паркот на принцовите во Париз, Метрополитано и Сантијаго Бернабеу во Мадрид.
Сепак, овој медиум истакна дека нема причина за паника. Шпанското Министерство за внатрешни работи ги зголеми безбедносните мерки и овие натпревари се означени како „натпревари од висок ризик“.
„Треба да се потсети дека финалниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Јувентус во Кардиф се одигра со затворен покрив на стадионот Милениум. Имаше безбедносни причини поради кои УЕФА одлучи да го изолира стадионот поради можноста од пристигнување на дронови кои би го загрозиле славјето на натпреварот“, пишува Марка.