269
Трговски центар во Филаделфија бил евакуиран поради закана за поставена бомба, но полицијата не пронашла експлозив или друга сомнителна направа.
Полицијата добила две пријави од лице кое тврдело дека бомбата ќе експлодира во „Фешн дистрикт“, пренесува Индипендент.
Трговскиот центар се наоѓа во близина на зградата каде се бројат гласовите, а демонстрантите се собрале пред него.
Според Фили Воис, специјалните единици со кучиња трагачи извршиле претрес во трговскиот центар, но бомбата не била пронајдена.