Воздухопловната база „Ендрјус“ во Мериленд, една од најчувствителните воени бази во Соединетите држави, беше затворена по извештаите за непознат вооружен маж, соопштија властите.
Базата во Мериленд, каде што е стациониран претседателскиот авион „Ер Форс 1“, беше затворена во четвртокот попладне по локално време, откако наводниот осомничен бил забележан во близина на станбени единици кои се користат за сместување на воениот персонал и нивните семејства, објави портпаролот на базата на Фејсбук.
Тој рече дека не бил истрелан ниту еден куршум и дека нема извештаи за повредени, а безбедносните сили, пешачките и мобилните патроли трагаат по осомничениот, пренесува „Танјуг“.
Минатиот месец провалник влегол во базата и стигнал до станбениот комплекс на базата, а еден од жителите отворил оган кон него.
Воздухопловната база „Ендрјус“ се наоѓа недалеку од Вашингтон и често се користи за летови на високи функционери, вклучително и претседателот и потпретседателот.