Тргната плочата со „Голема Албанија“ во комплексот на УЧК во Сопот

од Nikola Popovski
474 прегледи

Отстрането е спомен-обележјето на кое беше прикажана карта на „Голема Албанија“ пред комплексот на УЧК во Сопот, објавија дел од медиумите. Не е јасно кога е отстранет споменикот чија фотографија беше објавена на 4-ти ноември на церемонија со одбележување на масовна погибија на жители на Сопот во Втората светска војна.

Пред објектот е останат само каменот на кој била закачена мермерната плоча со спорната карта.

Дивоградба е комплексот на УЧК во кумановско Сопот, а Општина Куманово ќе поднесе и кривична пријава. Градоначалникот Максим Димитриевски испратил инспектори кои утврдиле дека општината нема дадено дозвола за градба. Бидејќи нема инвеститор, пријава во Обвинителство ќе биде против непознат сторител.

Тој претходно во изјава за „Локално“ информира дека никој до општината, ниту до него не доставил барање за дозвола за отворање на комплексот.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера изјави дека комплексот бил отворен на приватен имот и дека со право граѓаните реагираат. Според него, ваквиот потег е задоцнет 145 години.

„Ставање на таква карта е задоцнето 145 години. Ако по нешто може да се препознае какви биле односите на Балканот пред 145 години, тоа се таквите карти коишто ги има секоја држава на Балканот. Сметам дека она што го имаме денес како општество воопшто не ги прави релевантни таквите мапи“, изјави премиерот.

Ахмети викендов во Сопот го отвори комплексот на УЧК. Во него се изложени фотографии на команданти на УЧК од Косово како што е основачот Адем Јашари, како и ликови од воениот конфликт во Македонија како Исмет Јашари, но и фотографиите од „бившиот командант на ОНА“, самиот Ахмети.

 

Слични содржини