Трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во септември 2025 реално намалена за 7.1 % во однос на истиот период лани

Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е зголемена за 7.6 %, сподели Државниот завод за статистика

од Vladimir Zorba
15 прегледи Фото: Фејбук/Принтскрин

Во септември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, е зголемена за 7.6 %, сподели Државниот завод за статистика

Во трговијата на мало во септември 2025 година, во споредба со септември 2024 година, гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално опаѓа за 0.8 %, а реално за 7.1 %, Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 12.1 %, а реално за 7.6 %, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 5.7 %, а реално за 0.1 % и Трговија на мало со автомобилски горива опаѓа реално за 1.5 %, а номинално за 0.8 %.