153
Пожар избувна утрово во голем трговски центар со 1.400 продавници во Варшава.
Противпожарната служба соопшти дека повеќе од 80 отсто од зградата е зафатена во пламен.
Црн чад може да се види во околината на снимката што ја емитува приватната телевизија Те Фау Ен 24.
Властите испратија СМС пораки за да ги предупредат жителите на полскиот главен град да останат во затворени простории со затворени прозорци.
Портпаролот на полицијата за полските медиуми изјави дека нема извештаи за повредени.
Трговските центри и големите продавници обично се затворени во недела поради забраната што ја воведе претходната влада.
Овие продажни места смеат да се отвораат само неколку недели годишно за да можат луѓето да купуваат за Божиќ, Велигден и други празници.