Трговскиот дефицит за 6 месеци изнесува 834.243.000 евра

од desk3
69 прегледи

023

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-јуни годинава изнесува 120.312. 877.000 денари или 2.173.287.000 долари, (1.953.215.000 евра), објави денеска Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на увозот на стоки во првата половина од годинава изнесува 171.697.690.000 денари или 3.101.797. 000 долари (2.787. 458.000 евра).

Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни годинава, според статистиката, изнесува 51.384.813.000 илјади денари или 928.510.000 долари (834.243.000 евра).