Трговските центри во Србија се отвораат од понеделник, децата се враќаат во училиште

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Од понеделник, 12 април, трговските центри во Србија ќе можат да се отвораат, доколку оваа тенденција со коронавирусот во земјата продолжи до понеделник, рече членот на кризниот штаб, Бранислав Тиодоровиќ. Донесена е одлука и за училиштата – од 19 април враќање во клупите.

Угостителските делови во трговските центри сè уште нема да бидат отворени, одлучи Кризниот штаб.

Претходно, во понеделникот стапија на сила нови, поблаги мерки против коронавирусот. Угостителите ги отворија градините со 50 проценти од капацитетот, додека растојанието помеѓу масите мора да биде два метра.

Според претходната одлука, градините можат да работат до 22 часот, а на сите ресторани и кафулиња им е овозможено да продаваат „шалтерски“ 24 часа на ден.

Слични содржини