406
Кај седум компании се констатирани пропусти со дистрибуирањето на мазут во земјата соопшти денеска министерот за за економија Крешник Бектеши објавувајќи го списокот со имиња.
Станува збор за РКМ Доел, Супертрејд, Евротим, Пертинакс Скопје, Ли-Оил, Блу Технолоџи и КА-Оил.
Кај дел од компаниите е утврдено неправилности во делот на законската обврска во чување на залихи, и правилно водење на сметководствена евиденција. Притоа за седум компании се изречени прекршочни казни во висина 55.510 евра.