Три автобуси вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

од Берта Китинска
196 прегледи

На 27 и 28.08.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај три автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(52) од Куманово, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Тетово и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(67) од Скопје било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација, велат од МВР.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.

Слични содржини