Три докторки од Пулмологија позитивни на Ковид 19

од Берта Китинска
458 прегледи

Три докторки од Универзитетската клиника за пулмологија се позитивни на коронавирус. Две од нив досега немаат симптоми, додека едната има гастроинтестинални симптоми. Со трите новопотврдени досега седум здравствени работници од Клиниката се позитивни на коронавирусот, потврди за МИА директорот на таа јавна здравствена установа, Дејан Докиќ.

Посочи дека докторките од 30 март се во домашна изолација и вчера им било направено тестирање кое покажало дека се позитивни.

– На 21 април (вторник) ќе им биде направено уште едно тестирање. Првозаразената наша вработена е медицинска сестра од Куманово, која со вирусот се заразила во местото каде живее. Најверојатно дека докторките и другите медицински лица меѓусебно се инфицирале, можеби додека јаделе заедно во кујната, рече д-р Докиќ.

Слични содржини