Три експлозии одекнаа во градот Калмунај на истокот на Шри Ланка во текот на антитерористичката операција на локалните полициски агенции, јави Тас.

За сега не се пријавени жртви.
Порано денеска, припадници на локалната полиција и војска во Калмунај нападнаа непознати лица во текот на претресот чија цел беше идентификација на подзени работилници, во кои се прават појаси за самоубиствени напади.
Властите во Шри Ланка повторно воведоа полициски час, кој почнува вечерва во 22 часот по локално време, а трае до утре во 4 часот.
Во повеќе симултани терористички напади на хотели и цркви во Шри Ланка на Велигден по Грегоријанскиот календар убиени се повеќе од 250 луѓе.