Три експлозии синоќа во Северна Митровица

од Vladimir Zorba
324 прегледи

Три експлозии се слушнале синоќа по полноќ во Северна Митровица, кај месноста позната како „Три облакодери“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Извори од оваа област во северно Косово, населена со мнозинско етничко српско население, изјавија за медиумите дека експлозиите биле силни, но нема информации за материјална штета и повредени лица.

Се претпоставува дека рачни бомби биле фрлени кон Контролниот центар за автомобили и кај споменикот на Цар Лазар, во Северна Митровица.

Очевидци од областа велат дека КФОР излегол на местото на настанот и дека жителите ги напуштиле угостителските објектј кои се во близина.

Слични содржини