Три главни виновници за лошиот здив

од Stefanija Kuzmanovska

Тоа е нешто за што сите молчат, а сите го доживуваат. Милиони луѓе се будат секое утро со лош здив, но кај некои тоа е уште поизразено отколку кај други.

Додека лошата хигиена на забите е секако еден од виновниците, она што не го знаете е дека хрчењето и гумите за џвакање пред спиење го прават вашиот здив речиси неподнослив. За жал, не постои докажан метод за спречување на утрински здив. Но, прво треба да знаете зошто воопшто се појавува лошиот здив наутро.

Устата ви е сува

Додека спиете, вашата уста е како жедна пустина, што дури најмногу придонесува за лош здив наутро. Хрчењето и спиењето со отворена уста дополнително го влошува проблемот. Плунката е водена материја што ги уништува бактериите кои предизвикуваат лош здив. Немате лош здив во текот на денот затоа што, додека сте будни, секогаш произведувате доволно плунка за да го регулира тоа. Но, ноќе, работите драматично се менуваат. Недостаток на влага им овозможува на лошите бактерии да се размножуваат во области каде што воглавно или ниту малку нема кислород.

Храна меѓу забите

Ако не сте ги измиле забите (добро) навечер, постои можност остатоци од храна некаде да се провлечат – кои се распаѓаат помеѓу забите во текот на ноќта, и овој процес воопшто не му ласка на здивот или здравјето на забите.

Гуми за џвакање пред спиење

Гуми за џвакање можеби изгледаат како освежувачи на здивот, но можат да го направат токму спротивното, бидејќи содржат аспартам, засладувач кој се храни со лоши бактерии. Има ист ефект како и храната што се распаѓа во устата, пренесува „Нет“.

Слични содржини