Српскиот пулмолог д-р Бранимир Несторовиќ вечерва изјавил дека доаѓањето на кинеските експерти во Србија е од големо значење, затоа што, како што рече, тие им кажале нешто што не е напишано во книгите , туку се кажува „во четири очи“.
Како гостин во шоуто „Ќирилица“, Несторовиќ изјавил дека нивен предлог бил да се отвори Ковид-болница, како онаа на Белградскиот саем.
„Ни рекоа дека нема лекување дома, како што правевме ние. Епидемискиот ланец мора да се пресече. Секој кои се позитивни одат на Саемот”, откри лекарот.
Според него, втората е препораката да не се даваат антивирусни лекови, туку да се користи хлорокинот.
И третата работа, како што тој наведува, но не помалку важна, е тоа што, додека Кинезите биле во Србија, тие го добивале материјалот за краток временски период затоа што тие нарачувале сè што им треба.
Тој потсетил дека имаме уникатна ситуација – потполно нов агенс за кој знаевме многу малку.