Светскиот економски форум има три совети за оние кои работат од дома, со цел да го зачуваат своето здравје.
Првиот се однесува на ‘рбетниот столб затоа што многумина се принудени да седат долго време и да користат компјутер.
Затоа се препорачува да седите на што е можно поудобно столче, така што екранот да биде на ниво на очите, а стапалата да бидат исправени на подот, односно да седите без да ги прекрстувате нозете.
Вториот совет е да се разбудите во време кога требало да оди во канцеларија, т.е. до работното место.
Со тоа се создава можност за вежбање што може да трае три до четири минути. Ова ќе биде корисно за мускулите и ќе поттикне подобра циркулација на крвта.
Третиот совет е да вежбате надвор од работното време.
Светската здравствена организација (СЗО) препорачува половина час вежбање секој ден за возрасни, и еден час вежбање за деца секој ден.