Три космонаути од МВС се вратија на Земјата – поставија рекорди

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Тројца членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС) се вратија на Земјата утринава, соопшти Центарот за управување на летовите во Королов, Подмосковјето. Тоа се рускиот космонаут Фјодор Јурчихин и астронаутите од НАСА Џек Фишер и Пеги Витсон.

Тие слетаа во Казахстан со бродот “Сојуз МС-04”. За Витсон, тоа беше трет лет во вселената. Таа престојуваше 288 дена, со што постави рекорд со што вкупно помина 665 дена во орбитата – многу повеќе од кој било друг Американец.

Рускиот колега ЈУурчихин може да се пофали со уште повеќе време во орбитата – 673 дена за пет полетувања, а Американецот Фишер има зад себе 136 деноноќија во вселената. На МВС остануваат три лица – рускиот космонаут Сергеј Рјазански, американскиот астронаут Рандолф Брезник и астронаутот од Европската вселенска агенција Паоло Несполи.