Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против три лица, вработени во ЈСП Скопје, за злоупотреба на службена положба.
-Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, за сторено кривично дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 став 1 а вв член 45 од КЗ и кривично дело ЗАТАЈУВАЊЕ по чл. 239 став 3 а вв член 45 од К.З. на Република Северна Македонија, кои во период од 2017 година до 2021 година, спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења во сметководствената евиденција без поткрепа на сметководствени документи, неправилно внеле почетни состојби во сметководствената евиденција и не извршиле усогласување на аналитичката со синтетичката евиденција на приходите и расходите согласно утврден контен план, а паричните средства кои им биле доверени од остварениот дневен промет, ги предале во помал износ во правниот субјект со цел истите да ги присвојат за себе, на начин што го оштетиле буџетот на ЈСП Скопје за вкупен износ од 28,065.476,00 денари, се вели во соопштението на Управата за финансиска полиција.