273
На 20.05.2023 во 13.30 часот на регионалниот пат Битола-Прилеп, во близина на с.Лагово, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода М.А.(42), А.Р.(22) и Ќ.Ш.(41), сите од Прилеп.
Тие се сомничат дека од кругот на црквата „Св.Никола“ во с.Воѓани, општина Кривогаштани, одзеле повеќе предмети.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.