387
Скопското обвинителство соопшти дека поднело обвинение против три лица за фалсификување на ПЦР тестови.
На Меѓународниот аеродром Скопје, обвинетите употребиле лажни ПЦР тестови за коронавирус.
„Иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории, при обид да ја напуштат државата со авионски лет од Скопје, тие ги презентирале потврдите како вистинити, но биле откриени од овластени службени лица“, велат од Обвинителството.