158
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера (17 јули) во 07.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Врбјани и Сливово, патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А. на возраст од 24 години од Гостивар, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот, сопатникот С.З. на возраст од 21 година и уште еден малолетен сопатник од Гостивар, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.