МВР информира дека во текот на вчерашниот ден во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека настанал пожар во хотел на бул.„Маршал Тито“ во Неготино.
Од екипи на Територијалните противпожарни единици Неготино и Кавадарци пожарот бил изгаснат.
-Со повреди се здобиле С.Т.(41) од Неготино и двајца пожарникари од Неготино и сите биле задржани на лекување во ЈЗУ Здравствен дом – Неготино. Увид на местото извршила екипа од ОВР Неготино, велат од полицијата.