МВР информираат дека тројца тетовци возеле автобуси и биле затекнати на граничниот премин Табановце, без валидна документација. Едниот од нив не поседувал ниту сертификат за професионален возач за меѓународен превоз на патници и стока.
Според полицијата, на 23.12.2021 во 20:10 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север при контрола во автобус на превозно претпријатие од Тетово, констатирале дека возачот Ш.А.(56) од Тетово не поседувал лекарско уверение.
-Исто така, истиот ден во 23:10 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север извршиле контрола во автобус на превозно претпријатие од Данска. При контролата било констатирано дека едниот возач Б.Ш.(36) од Тетово не поседувал лекарско уверение, а другиот возач Б.С.(42) од Тетово не поседувал лекарско уверение и сертификат за професионален возач за меѓународен превоз на патници и стока, соопшти полицијата.
Лицата и документите биле предадени на Царината за понатамошна постапка.