Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.377 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 62,16%, а 37,84% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 56,89%, кон Итната медицинска помош 38,67%, а кон пожарникарите 3,11%, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 523 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (0,89%) и на тие што се именувани како „неитни повици“ (37,84%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Пожари на отворено имало три и сите се изгаснати. Горело во Општина Центар кај месноста „Автополигон“ под Кале (депонија), во Општина Битола кај с. Горно Оризари (горела ниска вегетација) и во Општина Свети Николе кај с. Пеширово (горело сено).
На 112 во ЦУК вчера попладне е добиена пријава за пронајдена граната на 50 метри зад фирмата „Гулф БС“, крај стариот пат Градско кон Неготино. Повикувачот ја пронашол во негова нива. Во координација на ЦУК со субјектите од Системот за управување со кризи СУК вчера, веднаш на лице место еден инспектор и еден кримехничар од ПС Кавадарци отишле на лице место за истата да ја обезбедат до утре, а гранатата, како неексплодирано убојно средство (НУС) ќе се вади, односно безбедно ќе се отстрани денеска. Од ЦУК се препорачува за граѓаните ако пронајдат НУС да не ги фаќаат и да не ги поместуваат – едноставно да пријават на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.