Три причини зошто треба да јадете секој ден круши

од Берта Китинска

Освен што се вкусни, крушите се многу добри и за нашето здравје. Ова овошје е полно со минерали како што се калиум, бакар, фосфор, калциум, магнезиум, железо и бројни елементи во трагови.

Исто така, крушите се богати со витамини, К, А и Ц, како и со повеќето витамини од групата Б и Д.

Но, покрај витамините и минералите кои можеме да ги внесеме во организмот, крушите имаат и други придобивки. Ви претставуваме само некои од нив.

1. Добри се за варење

Ова овошје е полно со влакна, кои го подобруваат дигестивниот систем и варењето. Ја намалува можноста за запек, но и дијареа. Исто така, крушата, благодарение на споменатите влакна, е ослободена од слободните радикали и со тоа превентивно ја намалува можноста од разни болести.

2. Го чуваат срцето

Срцевите заболувања се една од најчестите причини за смрт во светот. Крушите се добар извор на калиум, што значи дека позитивно делуваат и на срцето. Калиумот помага во намалување на крвниот притисок, што го олеснува целиот кардиоваскуларен систем и го спречува создавањето на згрутчување на крвта и го намалува ризикот од срцев удар.
Се верува дека крушите помагаат во намалување на крвниот притисок и холестеролот, а внесувањето доволно влакна во исхраната го намалува ризикот од развој на срцеви заболувања.

3. Го зајакнуваат имунитетот

Поради високата содржина на витамин Ц, јадењето круши ќе помогне и за зајакнување на имунолошкиот систем. Витаминот Ц го стимулира формирањето и активноста на белите крвни зрнца. Освен тоа, со помош на крушите многу полесно ќе се надминат настинките и другите проблеми поврзани со ослабен имунолошки систем.

Слични содржини