Александар Вучиќ, српскиот премиер, во моментов размислува за три опции при евентуалната реконструкција на Владата на Србија, дознава “Блиц” од извори блиски до премиерот.

Најмала веројатност е дека Вучиќ ќе поднесе оставка. Според претходните најави, Вучиќ планира на годишнината од формирањето на Владата, на 27 април, да го претстави извештајот за работа, но, исто така, да им се заблагодари на соработката на одредени министри.
Според весникот, доколку реконструкција на Владата се обистини, Вучиќ не сака да направи “козметички промени”, односно ќе менува министри кои имаат клучни позиции во владата, а подготвен е и да ги промени највлијателните министри, вклучувајќи и коалиционите партнери.
Зорана и Дачиќ, се двоецот кој создаваат проблем, смета весникот
„Првата можност е дека во Владата повеќе да нема министри од СПС. Ова значи отпуштање на Ивица Дачиќ, од местото министер за надворешни работи,Александар Антиќ, министерот за енергетика, и Снежана Бошковиќ Богосављевиќ, министер за земјоделство„ открива изворот на “Блиц”.
Причината за протерување на СПС од владата, нашиот извор вели дека “Вучиќ е незадоволн од начинот на кој Дачиќ се претставува во светот” и дека “над- тој ја користи позицијата за лична промоција”.
„Премиерот има информации дека министерот Дачиќ, во разговорите со претставниците на влијателни земји речиси секогаш се “извлекува” врз негов грб. Како по правило, Дачиќ ќе го прифати секој нивни предлог, но станува проблем Вучиќ. Меѓутоа, Вучиќ е во незгодна ситуација да го замени Дачиќ, затоа што тој во името на Србија претседава со ОБСЕ. Ако се случи тоа, тогаш министрите од СПС ќе бидат заменети си почитувани непартиски поединци или влијателни членови на опозициските партии, објаснува изворот.