Во текот на вчерашниот ден биле пријавени три случаи на семејно насилство.
Во 16.40 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Б. (46) од Гостивар затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.
Во 17.30 часот, пак, во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ќ.Ј. (35) од Струмица затоа што физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга. И во овој случај по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Вечерта во 21.35 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Република Србија пријавила дека била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг У.Ш. (35) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.